За три дена во Скопје се отвора државен културен центар на Бугарија?

ТВ24 објави дека на 25 месецов во Скопје се отвора државен културен центар на Бугарија, но под тоа име – затоа што е таква практиката кога станува збор за културни центри зад кои државата стои зад нив.



Во Софија, веќе со години работи државен културен центар на Македонија, изјавуваат за ТВ24 високи допломатски извори.

Здружението на Бугари од Богданци, кое требаше да се регистрира под името „Цар Фердинанд“, официјално добило известување дека неговото барање за регистрација е одбиено од Централниот регистар.