Судот во Кочани определи 30 дена притвор за поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов кој вчера, по тримесечно бегство, се предаде на полицијата.
Стоименов во јануари стрелаше и го рани 33 годишниот Драган Здравев – Дач, во кафеана во Кочани.
По инцидентот беше поднесена кривична за обид за убиство.