„Еден јазик со две имиња“.
Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) вака ги опиша бугарскиот и македонскиот јазик на денешната промоција на „Белата книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“.
За да ја поткрепи својата теза, тој го посочи примерот со Романија и Молдавија.
„Според Уставот на Молдавија, нејзин официјален јазик е молдавскиот, кој во суштина и во пракса е литературен романски. Мислам дека, ако имаат добра волја, Бугарија и Република Северна Македонија можат да се поучат од овој пример и да побараат некакво заедничко решение“, смета раководителот на авторскиот тим на „Белата книга“.
Покрај него, автори се и Владо Тренески, Дејан Танчовски и Илија Стојановски од Македонија, Ерлин Аго од Албанија, Иван Николов од Србија, како и Методиј Иванов и Румен Сребранов од Бугарија.