Вчерашната информација дека Агенцијата за електронски комуникации планира да набави 250 пенкала со светкав столб од циркони кои во малопродажба чинат околу 50 евра едно, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Парите за пенкала, околу 12.000 евра, се нешто помалку од половина од планираните 29.000 евра, средства за репрезентативен материјал на АЕК.