Средните училишта од Скопје, како Орце Николов, Ѓорѓи Димитров и Раде Јовчевски- Корчагин, ги објавија официјалните протоколи и распоредот за прием на документите за упис на новите средношколци.
На влезот од училиштата се поставени листи со распоред по азбучен ред и термин во кој ќе се врши предавањето на документите.
Според првата буква од презимето секој ученик може да ги предаде своите документи во одреден временски термин за време на уписните денови.
За да се обезбеди пократко и непотребно задржување на децата, МОН претходно веќе ја постави пријавата на својата веб страница од каде сите ученици можат да ја превземат и пополнат.
Уписите се предвидени да траат 4 наместо претходно најавените 2 дена и тоа, од 16.06. 2020 до 19.06.2020.