Шведскиот Врховен суд го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на Дејан Давидовски обвинет за тероризам и загрозување на уставниот поредок.

Според шведските закони, а и според европските конвенции, упадот во Собранието на 27 април не е кривично дело туку бунт, пишува во пресудата со која Шведска не го екстрадираше обвинетиот за терористичко загрозување во земјава Дејан Давидовски.

Давидовски пред шведските власти тврдел дека е политички гонет, пишува во пресудата.

Tој е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието. Тој е македонски државјанин, но има и шведски број на социјално осигурување, бидејќи работел во Шведска. пишува МКД.МК