За шлаканицата на Макрон, до три години затвор

На 28 годишниот маж кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на средбата со граѓани, му се заканува казна до три години затвор и глоба во визина од 45.000 евра, јавуваат француски медиуми.

Според телевизискиот канал БФМ, тој би можел уште денес да биде изведен пред суд и се очекува веднаш да биде донесена пресуда по забрзана постапка, што често се користи во францускиот судски систем, кога елементите на кривичното дело се очевидни и не е потребна детална истрага.