Лидерите на трите десничарски партии во коалицијата предводена од СДСМ се уште не реагирале на навредите кои и кон нив беа упатени од страна на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Во моментов три партии кои се декларираат како десничарски а се предводени од Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов се дел од коалицијата предводена од СДСМ. Предходно на последните локални избори тие гласаа Шилегов да стане градоначалник на Скопје.
Сега и нив градскиот татко со кого се во коалиција ги нарекува себични простаци и со други погрдни називи само затоа што се десничари односно имаат десна национална идеологија за разлика од Шилегов и СДСМ.
“Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес.
За се’ друго лажат.
Со десна се крстат, а со лева крадат.
Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци…”, пишува за десничарите меѓу кои се и неговите коалициони партнери Петре Шилегов.
За изјавата на Шилегов реагираа многу други граѓани дури и симпатизери на СДСМ.
Лавина поразителни коментари за “нашите” и “другите” на Шилегов (ЛИНК)