Градоначалникот Петре Шилегов не признава дека има турканици во автобусите на ЈСП, а фотографијата која беше споделувана на социјалните мрежи од преполна 57-ца, ја прогласи за лажна.

И лошо влијаело на менталното здравје на луѓето во време на пандемија.

„Ние треба да ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај. Ќе биде поекономично да се користи јавниот превоз. Ја видов вчера фотографијата и лажна е веста. Ова остава последици по нашето ментално здравје како луѓе. Генерално не може да се каже дека бројот на патници придонесува за ширење на пандемијата“, смета Шилегов.