За секое новороденче во Гази Баба по 5.000 денари

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша дека е реализирано уште едно ветување од неговата изборна програма.

Тој вели дека од 1-ви јануари 2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари.