За Сеад Кочан 6 години затвор

За кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, во Основниот суд Скопје , денеска, на казна затвор од шест години во предметот на СЈО „Труст“, е осуден Сеад Кочан, сопственик на фиирмата „Трансмет.

Во предметот „Труст“ на СЈО беа обвинети и три правни и три физички лица.: „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. „Трансмет“ и „Силекс неметали“ се казнети со парична казна од по 2 милиони денари и забрана да учествуваат тендери три години. Ќе им се конфискува имот во вредност на тендерот од 17 милиони евра.


Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.