Според податоците на Државниот Завод за статистика, бројот на смејства, односно домаќинства приматели на гарантирана минимална помош е зголемен од 26160 во 2017, на 35500 во 2021 година, што е зголемување за повеќе од 9000 домаќинства.

Инфомакс побарал одговори и мислења од Министерството за труд и социјална политика, Македонската платформа за борба против сиромаштија и универзитетскиот професор по трудово право, Проф. Д-р. Лазар Јовевски за состојбата на постојан пораст на бројот на приматели на ГМП, преземените мерки и мерки кои би требало да се спроведат за да се намали бројот на вакви домаќинства.

Од МТСП биле недостапни на телефонските линии кои се наведени како контакт на веб сајтот на Министерството, а исто така не добиле одговор ниту на прашањата испратени на електронската меил адреса на Министерството.

Од Македонската платформа против сиромаштија констатираат дека бројот на приматели на ГМП пораснал поради кризата која ја зафати државата во последните две години, но и поради како што велат тие, олеснување на дел од условите за добивање на помошта.

Целиот текст на следниот линк:

Mолк од министерството за труд и социјала: За само 4 години 9 илјади домаќинства започнале да користат социјална помош