За Ризаов демонстрантите од саботниот протест се наследници на Милошевиќ

Долгогодишниот новинар Ерол Ризаов во својата последна колумна се обидува да докаже дека на саботниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ немало луѓе колку што тврди организаторот и во исто време се обидува да ги заплаши граѓаните преку употреба на покојниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Новинарот близок на СДСМ и бранител на политиките на Заев и Ковачевски не се осврнува на причините за протестот и катастрофалната ситуација во земјава поради грешките на владата туку ги прогласува за дел од иста матрица и Слободан Милошевиќ и десетиците илјади луѓе кои во саботата протестираа на Илинденска.

,,Сите сличности тогаш и сега на тие митинзи и сенародни протести и овој што се одржа во саботата пред владата анализирајќи го говорот на Мицкоски може да се каже дека се случајни, или сосема намерни, во зависност од кој агол ги гледате митинзите на Милошевиќ и неговите следбеници со овој на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Колку и да се големи разликите и сличностите, трагичните последици можат да бидат исти, оти предавствата на народните непријатели и продажбата на националните и државни интереси беа главната реторика и порака до граѓаните и на овој митинг”, пишува Ризаов во перфидниот текст кој има за цел да ги прогласи луѓето што излегоа на протести за националисти кои утре заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе доведат до војна како што тоа се случи со Милошевиќ.

Целиот напис на Ризаов преполн со конструкции и неаргументирани проценки и анализи кои имаат за цел да го заплашат народот на овој линк.
https://m.dw.com/mk/%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8-%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5/a-62196798