За разлика од Пендаровски и Заев, врвот на МАНУ се поклони на гробот на Гоце Делчев

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) не го следеше срамниот пример на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев, кои „не најдоа време“ да се поклонат на гробот на Гоце Делчев на 118-годишнината од неговата погибија.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, заедно со потпретседателот Живко Попов, положија цвеќе пред камениот саркофаг во кој се положени посмртните останки на „македонскиот великан и револуционер“, како што без двоумење го именува највисоката научна институција во Македонија.

За разлика од Пендаровски, според кој „Гоце Делчев се декларирал како Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава“.