Несолена шега се обиде да направи албанскиот премиер Еди Рама, при вчерашното ракување и запознавање меу германскиот канцелар Олаф Шолц и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски на вчерашниот самит на земјите од Југоисточна Европа во Солун.

Кога Ковачевски на Шолц му беше претставен како премиер на Македонија, се уфрли Еди Рама со недипломатска шега кој низ смеа рече „идната западна Бугарија“.

Тоа од македонскиот премиер Ковачевски беше пречекано со смеа…