За прв пат од почетокот на владеењето на СДСМ во 2017 година на една анкета опозициската ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред владеачката партија предводена од премиерот Ковачевски.

Според анкетата на агенцијата ИПСОС ВМРО-ДПМНЕ има 10,2 % предност пред СДСМ.

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,7% од испитаниците, за СДСМ 9,5%, ДУИ 6,2%, Левица 5,9%, Алијанса за Албанците 2,8%…

Воопшто не би гласале 12,2 отсто од испитаниците, без одговор или неодлучни се 22,5 отсто, а одбиле да одговорат 17% од испитаниците.

Само пред нешто повеќе од 3 години според анкетите СДСМ водеше со над 5 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и во времето на најголемата моќ на ВМРО-ДПМНЕ во власта на Груевски реткост беше ВМРО-ДПМНЕ да има двојна предност пред СДСМ.