Кремљ го призна поразот во регионот Харков, што е прв пат Москва отворено да признае пораз од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, се вели во дневната анализа на Институтот за проучување на војната (ISW) за ситуацијата во Украина.
Претходно Кремљ никогаш не призна дека Русија била поразена во околината на Киев или подоцна на Змискиот остров, претставувајќи го своето повлекување од главниот град Киев како одлука да се даде приоритет на „ослободувањето „ на Донбас и повлекувањето од Змискиот остров како „гест на добра волја“.
Руското Министерство за одбрана (МО) првично понуди слично објаснување за рускиот неуспех во Харков, тврдејќи дека руските сили ги повлекуваат трупите од Харковската област за да се регрупираат, но оваа лажна нарација наиде на брза и гласна критика на Интернет.
ISW претходно објави дека Кремљ го одложил состанокот на Путин со руските одбранбени претставници веднаш по повлекувањето на војниците од околината на Харков, зголемувајќи го впечатокот за јаз меѓу Кремљ и руското Министерство за одбрана.
