Некогашен член на Шарената револуција а потоа дел од тимот за пропаганда на СДСМ кој беше враборен и плаќан од власта смета дека нема ништо спорно што заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши во Истанбул спиел во апартман кој за една вечер чини 66 минимални плати.
Влатко Васиљ кој се споменуваше во контекст на кривичната пријава за изработка на Веб Портал од 75 илјади евра за Град Скопје каде беше најблизок соработник на Петре Шилегов, смета дека нема сосема е во ред што заменик министер од ДУИ со плата од 75 илјади денари платил 20 илјади евра за спиење во претседателски апартман.
,,И што е веста тука? Бил приватно и си платил приватно”, коментира човекот кој е поврзан со пропагандната машинерија на СДСМ.
Подоцна МВР во писмено соопштение се обиде да објасни дека Буши не платил сам туку му платил некој непознат пријател но прашањата за кои јавноста се интересира останаа без одговор.
За оваа тема искусни борци против корупција имаат сосема различно мислење