ДКСК отвори предмет за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за набавката на противпожарната скала двојно поскапа од слична која ја наваби Загреб.

Неблагодарно е Шилегов сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон, информира на денешната прес-конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со актуелните „скали на Шилегов“.

„ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што во пресрет на локалните избори не сакаме да се доведиме во ситуација преку нас да се книжат одредени политички поени“, рече Ивановска.