За полуписмениот премиер и идиотите околу него – пишува Горан Момироски

„Иако ми е пријател, ваков пркос не е дозволен, Пауновски ќе биде разрешен“, порача премиерот, откако првиот човек на пазарниот инспекторат одби да прими 35 „рамковни“ инспектори во институцијата што ја води.

Покрај политичките и законски небулози што ги наметнува премиерот во оваа изјава, Заев покажува и основни непознавање на македонскиот јазик и литература каде што зборот пркос е збор со позитивна конотација.

Синоним на пркос кој се објаснува и како позитивен инает (против неправда, нечесност) е именката гордост што значи дека Заев го обвини Пауновски дека е горд човек кој кон премиерот се однесува гордо и затоа ќе биде сменет.

За разлика од Заев кој го употреби за да го прогласи за виновен и да го казни Пауновски зборот пркос го користеле најголемите светски и македонски поети и писатели во обид да прикажат човечка доблест и големина.

Да знааат Блаже Конески, Гане Тодоровски и другите македонски великани кој и како им го погани јазикот и државата ќе се превртуваат во гробовите.

Но што да очекуваме од човекот што јавно порачуваше дека “Се чукамо у грудима нашима”.

За Заев одамна знаеме дека е речиси полуписмен но останува отворено прашањето како ниту еден од неговите силни соработници, советници, акумулатори на анализи, министри, платени ботови и други неранимајковци, кои што се уште не завршиле во затвор, не му каже што значат зборовите што ги користи.

Од Дигиталниот речник на македонскиот јазик

пркос
(еднина) пркосот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10915
1. Позитивен инает, гордост.
Англиски: pride Албански: mburrje
Примери:
Не насмеа со пркос во очите.
Слично со: гордост (ж.)
2. Вид украсно растение, многу отпорно на секакви влијанија, со цветови во разни бои.
Латински: Portulaca grandiflora Англиски: Moss-rose Албански: Lule purslane
Употреба: Ботаника
Вид: растение (ср.)