За претседателот на државата е прифатлив предлогот на опозицијата на пописот да се зема отпечаток од прст доколку тоа обезбедува поголема веродостојност на статистичка операција, но смета дека нема доволно време.

„Ако тоа е прифатливо за да имаме поголема валидност на тој попис, зашто да не, само се плашам, знаејќи ги нашите тендерски постапки, а имаме само три ипол месеци до практичното отпочнување, дека можеме да ги набавиме тие апаратчиња.

Не гледам проблем во предлогот, туку во тајмингот“, рече Пендаровски во вечерашното интервју за МТВ.

Пендаровски смета дека сега е најважно да се има политичка волја да се усвои законот за пописот со оглед на тоа дека последниот бил пред 18 години.