Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска го повиа претседателот на Комисијата за надвшена политика, Антонијо Милошоск, да ја закаже седницата за избор на неколку клучни амбасадори чие упатување непотребно е стопирано преку незакажување седница на Комисијата за нивно сослушување’
За барањето на Милошоски да достави предлог до пратениците бидејќи формално досега не го добиле францускиот предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија тој рече:
„Формално досега не е добиен француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите – членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација. Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието или до неговите тела. Евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. .
Османи За францускиот предлог кога ќе дојде време
Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година, и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години. Оттука нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија“, вели Османи.
Османи вели дека е согласен „наскоро да утврдиме термин и да ги претставам сите прашања од домен на надворешната политика, но притоа, да го повикам претседателот на Комисијата, да ја закаже седницата за избор на неколку клучни амбасадори чие упатување непотребно е стопирано преку незакажување седница на Комисијата за нивно сослушување“.
