Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска изјави дека оваа недела на форумот во Пекинг посветен на иницијативата на Кина за обнова на некогашниот „пат на свилата“ со новиот проект „Појас и пат“  биле потпишани договори во вредност од повеќе од 64 милијарди американски долари, пренесе Ројтерс.

На Форумот присуствуваа над 30 шефови на држави и влаади.

Агенцијата наведува дека претседателот  Кси Џипинг  во завршните зборови на состанокот посветен на кинеската програма која има за цел враќање на стариот “Пат на свилата”, кој треба повторно да ја поврзе Кина со остатокот од Азија и со Европа, рече дека сите проекти за соработка во рамките на проектот ќе се базираат на пазарни принципи.

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот изјави дека и Москва размислува да го поврзе Северниот Морски Пат со кинескиот пат на свилата.

„Размислуваме за можноста за врска на патот на свилата со морскиот пат со што ќе се креираат глобаллни и конкурентен правци за поврзување на североисточна, источна и Југоисточна Азија со Европа“, рекол Путин.

„Ги повикуваме сите присутнидржави да се приклучат на проектот“, рече Путин.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг побара повеќе земји да се приклучат на иницијативата „Појас и пат“ , а владата на Кина сака „да обезбедат бенефиции за сите“, пренесе АП.

Во моментов, повеќе од 150 земји и меѓународни организации учествуваат во кинеската иницијатива „Појас и пат“.