За незамрзнати цени, трговци ќе платат 65 илјади евра казни

Во периодот од шести до 13 март, од страна на Државниот пазарен инспекторат, извршени се над 450 инспекциски надзори на територијата на државата.

Се контролираше продажбата на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, кои со примената на владните мерки имаат замрзнати цени.

Беа издадени повеќе од 115 прекршочни платни налози, од одделни трговци ќе се наплатат казни од над четири милиони денари, односно речиси 65 илјади евра,објавуи порталот Пари