Полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти, изјави министерот Оливер Спасовски.

Како што соопшти, се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.

„.. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации. Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата,ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”, во одговор на новинарско прашање. (МИА)