Повеќе земји членки на ЕУ веќе ги добија и ги користат ковид вакцините за кои министерот Филипче тврдеше дека ќе бидат пристигнати и во Македонија во исто време како другите членки на ЕУ.
По посетата на Софија и учеството на седница на бугарската Влада Филипче изјави дека Македонија ќе добива вакцини паралелно со другите членки на унијата.
“Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на Република Македонија. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на ЕУ”, изјави Филипче по седницата на бугарската влада на која учествуваше.
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на Република Северна Македонија. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на ЕУ. pic.twitter.com/GqmBUJGW91
— Венко Филипче (@VFilipche) December 22, 2020
Пет дена подоцна во Бугарија пристигнаа првите вакцини и започна вакцинацијата а Македонија нема абер од прием на вакцини и вакцинација.
Да биде работата уште потрагичнa три дена откако Филипче излажа дека паралелно со ЕУ членките ќе се примат вакцини и во Македонија премиерот Заев најави дека почетокот на март е терминот кога најверојатно ќе пристигнат вакцините.
Во меѓувреме Филипче додека секој ден умираат по дваесетина луѓе од Ковид-19 глуми и доделува новогодишни пакетчиња во промотивни видеа, во кои се снимени деца.
Да не се појавеше министерот во видеото како дава пакетчиња можеби ќе убедеше некого дека се работи само за хумана акција, но снимено со него во крупни кадри како дава подароци, нема дилеми дека видеото е главно за негова политичка промоција.
Насмевката на децата е бесценета. Нивното здравје е наша најголема радост. На дечињата кои се лекуваат на Детската клиника и нивните родители им посакував среќна Нова година, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства. pic.twitter.com/S5Y4FhWgUz
— Венко Филипче (@VFilipche) December 27, 2020