За навредите кон Македонците Ким Мехмети заслужува само една казна – пишува Драган Милосављевиќ

Неговата србофобија е одамна позната, запишана и потпишана, но оваа злобна омраза кон сопствените соседи и сограѓани Македонци на Ким не би требало никој во земјава да му ја прости. Не на Ким Џонг-ун туку на Ким Мехмети.

Во божемната расправа со Еди Рама кој да ти бил српски слуга, Мехмети онака случајно ги нарекува Македонците погрдно Славомакедонци. Да го направи тоа некој летечки Холанѓанец, некоја португалска министерка или дански турист можеби и ќе им се прости.

Но на човек кој е роден и целиот живот го поминал тука вакво безобразие не смее да му помине неказнето. Затоа што во неговиот сучај тоа е јасна, смислена и подмолно пресметана навреда, која нема никаква логична причина, а бидејќи не му е прва веќе слободно може да се стави во графата на сосем извесна патологија.

Ликот заслужува општонароден, но и општограѓански презир, вклучително и од Албанците затоа што ова што го прави е пакосно, злонамерно и вулгарно бесчестите.

Казната е во презирот господа и дами. Само јавен и гласен презир!

Милосављевиќ реагира на навредите што денеска ги упати Мехмети нарекувајќи ги Македонците како Северномакедонци.

Ким Мехмети со критики за Рама: Без Белград „Славомакедонците“ се како без мајка