За навивачите на Левски 1.600 билети по 20 евра за мечот со Шкупи в четврток во Скопје

Навивачите на бугарскиот претставник во Лигата на конференциите, Левски, имаат на располагање 1.600 влезници за гостувањето кај Шкупи в четврток од 21 часот во Скопје во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Националната арена „Тодор Проески“.

„Левскари,


Раководството на ФК Шкупи обезбедува 1.600 влезници во форма на ваучери за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 – ФК Шкупи – Левски.

Цената на секој од нив е 20 евра, а раководството на ривалот уверува дека ќе му бидат обезбедени на ПФК Левски во понеделник на 24 јули. Ваучерите ќе бидат пуштени во продажба веднаш по приемот.

Со покажување на купениот ваучер на посебно определеното собирно место во Скопје, секој поддржувач ќе добие билет за средбата. За навивачите на ‘сините’ е одредена Јужната трибина на стадионот ‘Тодор Проески’“, соопштија од клубот.

Шкупи е единствениот тим од Македонија што успешно го помина првото коло во еврокуповите сезонава со вкупен триумф од 5:0 по идентичната победа против Хегелман во Литванија.

Реваншот со Левски е на 3 август од 18 часот по средноевропско време во Софија.