Експремиерот Љубчо Георгиевски кој тврди дека Гоце Делчев е Бугарин колку што е Македонец својата теза ја потпира на информацијата дека револуционерот се школувал во егзархиско училиште.
Прашањето што му го упатуваат на Георгиевски на социјалните мрежи го дава одговорот зошто Гоце не учел македонско училиште и зошто македонските бугарофили манипулираат со неговото образование.
„А Љубчо оти не кажува дека во турско време школите биле под управа на религиозните организации. Кој избор го имале македонските деца за образование? Освен бугарски и грчки, други школи во Мкд немало.
Зошто се фура тезата штом учеле во бугарско егзархиско, значи Бугари се?“, е прашањето до Георгиевски.
А Љубчо оти не кажува дека во Турско време школите биле под управа на религиозните организации. Кој избор го имале македонските деца за образование? Освен бугарски и грчки, други школи во Мкд немало.
Зошто се фура тезата штом учеле во бугарско егзархиско, значи Бугари се?— Ѓорѓи (@schteck) December 1, 2020