Преполни улици со горди навивачи, ги пречекаа фудбалерите на Аргентина во Буенос Аирес откако во неделата успеаја да го освојат Светското првенство за првпат од 1986 година. 

Но, малку недостигаше прославата да прерасне во трагедија: Некои од фудбалерите седнале на покривот од автобусот игнорирајки ги упатствата да не го прават тоа поради пречките на патот.

Во еден момент Николас Отаменди забележал кабел во кој можеле да удрат и ги предупредил соиграчите.

На покривот покрај Отамендијал седеа и Лионел Меси кој го држеше трофејот во раце и Анхел Ди Марија, Леандро Паредес и Родриго Де Пол.