На 22 јули 2018 година, кога се појави аферата со нелегалната набавка на реагенси од страна на Министерството за здравство, во вредност од 30 милиони евра, министерот Венко Филипче изјави:
„Ќе почекам да се заврши со експертизата, па потоа ќе одлучам дали ќе поднесам оставка“.

Пред тоа, во есента 2017 година, кога се појави аферата со неправилната распределба на средствата од Фондот за иновации на блиски роднини, синови и снаи на членови на Владата и на СДСМ, Зора Заев најави дека прво ќе почекал со извештајот, па ќе видел дали и кого ќе сменувал. До ДЕН ДЕНЕШЕН таков извештај НЕ Е НАПРАВЕН, а Зоки најави метла, која театрално оној глумец и физички му ја врачи. На крај, сѐ се заврши со коперниканскиот пресврт на Заев: „Ако така лесно сменувам соработници, ќе нема со кого да работам“.

Како напиша денеска „разумниот“ и секогаш „умерениот“ колумнист од линијата на цивилниот фронт, „совеста на демократската јавност“, Сашо Орданоски, „Сега е време за сочувство, не за партиско „лешинарење“. Еве, јас јавно признавам и се декларирам дека сум лешинар, додуша не партиски, туку слободолетачки или слободоседечки на кактусот пред Владата на РСМ!

Тоа што имам сочувство за починатите, повредените и за нивните семејства, не значи дека не сакам да им ги видам оставките на Заев и Филипче уште вчера! Едноставно, тоа се неспособни луѓе да го работат она за што се задолжени и платени, и единствена умерена колумна во овој момент која би имала смисла да се напише е како на клоци да се исфрлат од таму каде се поставени да одлучуваат за нашите судбини и животи!

Во поекстремни, но и во поправични, времиња, владетелите летале од балконите на дворовите во кои живееле и владееле. Не сум баш загледал дали Шампитата има доволно висока тераса. Меѓутоа, во изборот превентивно да се спречат можните нови уште десетици и стотици мртви цивили, кои овие двајца инциденти во македонската историја ќе ги предизвикаат во иднина поради својата неспособност, глупост и тупост или нивните „глави“, јас секогаш сум за помалото зло!

Мил ми е Рој Бин, но уште помил ми е Робеспјер. Но, најмила ми е вистината и правдата.

Ненад Живановски