За криминалните спортски ваучери кои директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски доби пријава која може да го однесе долго години в затвор.
За истата работа екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев доби пофалница.
Откако Антикорупциската комисија најави прогон на Мојсоски кој ја злоупотребил службената положба во АМС и на незаконски начин давал спортски ваучери Заев доби награда за истата работа.
Фондацијата Заев објави дека уште едно спортско признание паднало во рацете на Зоран Заев, директор на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.
,,На Изборот на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на Струмица за 2022 година, покрај традиционалните признанија за најуспешните во струмичкиот спорт, Општина Струмица и организациониот одбор на манифестацијата доделија и специјална Благодарница за особен придонес во спортот, која му припадна на директорот на нашата фондација Зоран Заев”, пишува во соопштението на фондацијата.
Во образложението за доделената благодарница, меѓу другото стои:
„…Човекот кој го помагаше спортот во нашата општина како градоначалник, човекот кој го воведе спортскиот ваучер кога беше премиер на државата – мерка која го подигна квалитетот на преку 800 клубови во целата држава и човекот кој преку Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува да го помага спортот, спортските клубови и спортисти во нашата општина и целата држава…“.
За истата работа на директорот на АМС познатиот екс ракометар Наумче Мојсовски му се закануваат долги години в затвор.
Повеќе детали за случајот за кој Заев добива награда а Мојсовски кривична пријава:
Директорот на АСМ Наумче Мојсовски се соочува со затворска казна до 20 години