За кого е мистериозниот пост – гатанка на Трајко Славески

Иако не може со сигурност да се тврди за кого е мистериозната гатанка на актуелниот претседавач со советот на град Скопје Трајко Славески, најверојатно тој зборува за екс премиерот Никола Груевски.

Екс министерот за финансии во владата на Груевски преку преработка на текстот на песната на Ѓорѓе Балашевиќ ,,Приказна за Васа Ладачки” опишува лик кој најверојатно е Никола Груевски.

,,Живееше скромно, во стан од мајка му. Возеше Фиат Пунто, кога не го возеа. Сакаше коњи врани (исти како тоа на М), по нови автопати разиграни), часовник со златно ремче и палати на ледини пространи. Но, не можеше да ги има!

Некому пречеле неговите (остварени) соништа, вредни милиони. Спечаленото не било стекнато во сон, туку на јаве. Го прогониле во далечна земја. Други место него денес јаваат коњи врани, и крадат палати на ледини пространи. Све је им’о ништа им’о није”, пишува Славески.

Мистериозната гатанка на Славески која многу слична на песната Приказна за Васа Ладачки на Џорџе Балашевиќ е објавена по објава на пост на Никола Груевски.