За клетвите, живите мртовци, презирот и вечната дамка

Често пати одам во Охрид, за прекрасните луѓе и уште поубавите пејсажи.

Често пати шетам по кејот и го гледам Љубен Арнаудов, еден од осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ што гласаше за смената на уставот, архетипот на македонското современо предавство.

Неретко се прашувам како е се уште жив со сиот товар полн со клетви од својот народ
Често пати го сожалувам, уште почесто ми создава гнев.

Кога ќе го видам немам ни плунка да го плукнам.

Често пати си помислувам да го запрам и да го прашам: Зошто чичко Љубен, зошто им го стори ова на децата и фамилијата и на сите твои идни поколенија.

Секогаш се премислувам, тој е веќе зомби, во ликот му се гледа дека знае оти нанесол зло на својата фамилија и на цела Македонија
И дека веќе нема што да прави во очекување на вечноста.

Дека мора да живее со клетвите на своите луѓе а неговите деца и внуци да живеат со проклетството на нивниот татко и дедо
И каде и да отидат да ги покажуваат со прст: Да тој е синот, ќерката, внукот на предавникот на Македонците и Македонија
Често пати се прашувам дали сегашниве моќници разговарале со Арнаудов, Василевски, Мукоски…

За да знаат што ги чека:
Пекол уште неумрени, товар што не се доносува, клетви немерени, од блиските солзи непресушни, прошка што не доаѓа…за век и векови…

Фејсбук статус на новинарот на Заспиј ако можеш