За капачите на Водици во Охридското Езеро – 49 пријави

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе им поднесе пријави на 49 лица кои го одбележаа празникот Водици со капење во Охридското Езеро кај месноста „Сараиште“ и покрај забраната на организирано прославување поради пандемијата со ковид-19.

„Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полицајците ги провериле овие 49 лица и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава“, соопштија од МВР.