„За разлика од огромен број читатели, на кои им е сосема јасна содржината на мојата изјава во врска со бојкотот на референдумот, доаѓа фуриозна реакција на одреден тенок слој на ‘јавачи на Апокалипсата’,  протагонисти на планот за распад на државата како единствен спас за нивните водачи и за одредени од нив, од соочувањето со казнената правда, којашто воопшто не ме изненадува.

(…)Разочаруваат по малку таквите ад хоминем напади од професори-колеги, кои би требало да се срамат од нив зашто ја демонстрираат нивната неукост: требало, имено, да знаат дека не само во правото, туку и воопшто во секоја сфера на човечки односи таквите ‘аргументи’ се најслаби и не може да поддржат никаква сериозна теза. Но тешко може да се очекува нешто друго од таквите ‘уставобранители’, меѓу кои влегуваат и поттикнувачи на обидот за државен удар изведен со терористичкиот напад врз Собранието на Република Македонија“, вели академик Владо Камбовски по бурата што ја предизвика неговата изјава дека организирање на бојкот за референдумот претставува кривично дело и е казниво со закон. .

За порталот „Сакам да кажам“ академик Камбовски вели вели дека начинот на хорски диригираната реакција на неговата изјава е симптоматичен, дури и опасен.

Тојј објаснува дека „уставно загарантираната слобода на граѓанинот да не гласа или да гласа и за што да гласа на референдум никој не може да ја ограничи со каква и да е забранувачка, најмалку кривично-правна забрана.

Но никаде не е загарантирано правото на партии или групи луѓе да ги организираат, регрутираат, потплатуваат, застрашуваат, попречуваат или манипулираат со граѓаните со кампања на омраза и ширење страв заради бојкотирање на референдумот, распишан со легална и легитимна одлука на Собранието на Република Македонија“ вели академик Камбовски.

Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон