Додека во земјава има стотици и десетици илјадници образовани, вредни Роми и други млади способни луѓе од сите националности кои не можат да најдат работа и не можат да го минат денот и месецот, “вечниот” функционер Самка Ибраимовски два месеци го крши законот и добива пари од државата кои не смее да ги добива а не ги ни заслужува.

Самка Ибраимовски, лидер на партијата ПЦЕР коалиционен партнер во владата на Зоран Заев од 27 Септември оваа година морал да замине во пензија.

Тогаш тој наполнил 67 години и со тоа го исполнил апсолутниот рок во кој законски мора да оди во пензија.

Но Самка и неговата државна фирма АД Македонија пат не го спровеле законот и дозволиле истиот да се крши.

Ибраимовски на директорката позиција е назначен од водата по предлог на премиерот Заев како надокнада за коалицирањето меѓу ПЦЕР и СДСМ. За ова знае или мора да знае и премиерот Заев но и тој си молчи и не го менува Ибраимовски за да не ги изгуби “неговите” гласови за предвремените парламентарни избори.

Заменикот директор нема никаква експертиза за патишта, тој е некаков економист со новосадска академија.

Тој не е ниту академик, ниту лекар или епидемиолог ниту било каква научна величина без која Македонија не може но сепак откако бил назначен за директор, функцијата ја врши дури и откако законот му го забранува тоа.

Зошто Ибраимовски се уште фигурира како заменик генерален директор во Македонија Пат до ден денеска не е јасно како што не е јасно дали за прекршување на законот ќе одговара само тој лично или и луѓето во кадровата служба на Македонија Пат кои не пријавиле и дозволиле кршење на законот.

Пропуст направиле и инспекциите кои се должни да следат дали се спроведува Законот за работни односи и законот за пензии.

Принт скрин од сајтот на Македонија пат направен на 18 Ноември 2021 година

Што стои во официјалната биографија на Ибраимовски (во која нема негов датум на раѓање) на сајтот на Македонија Пат каде што тој и денеска се уште е Заменик директор:

Високо образование завршив на универзитетот „Привредна Академија“ во Нови Сад Дипломиран Економист Оперативен менаџер

2004 – 2006 година – заменик – министер за труд и социјална политика , Влада на Република Македонија – Министерство за труд и социјална политика

2008 – 2011 година – директор во Прифатен центар за баратели на азил – Скопје

2011 – 2015 година – пратеник во Собрание на Република Македонија

2017-2018 година – Министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите

2018-2020 година пратеник во Собрание на Република Македонија