За Харвард нема „Северна“, само Македонија

Богдан Богданов, редовен професор во пензија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, сподели на Твитер писмо од престижниот американски универзитет Харвард, кој ја именува Македонија без наметнатата географска одредница „Северна“, отфрлена со пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.

Писмото од Харвард е испратено до неговиот син Славко Богданов, кој докторира на еден од најдобрите универзитети во светот.