„Ова е соба, не е ни клуб. Направен е за провокација. Кога го отворивме мислевме дека ќе има прва провокација и сега се случи оваа агресија… Мислам дека ова е дуќан, според податоците од катастарот“, изјави градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов.
„Како што гледате, се случува со цел провокација особено по случувањата во саботата – денот на раѓањето на Гоце Делчев и најмногу она што го направија политичарите во Северна Македонија затоа што тоа беше намерна антибугарска политика. Ги постигнаа на некој начин своите цели да има провокација и луѓето да реагираат. Така во Европа не се влегува и тоа не ја претставува Европа“,вели Стојанов.
Инаку, се’ уште се трага по сторителите кои го каменуваа македонскиот клуб “Никола Вапцаров во Благоевград, и тоа на денот на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Македонскиот културен клуб работи само еден час неделно.
Очекувам и бугарската полиција да го реши случајот со нападот и каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, иизјави за Телма претседателот на клубот, Атанас Мазнев по вандалскиот напад во саботата во кои беа искршени стаклата на клубот.
