Основиот суд во Струмица му одреди мерка осумдневен притвор на градначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.
Градоначалникот, осомничен за шверц со цигари беше приведен во вторникот вечерта додека бил заедно со неговата сопруга, синот и уште еден соучесник.
Мерката притвор им е одредена и на останатите три лица, а на едно лице му е одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица.
Осомничените за шверц на цигари во притвор ќе бидат во затворот во Прилеп.