За Германија ќе бидеме Севернамакедонија со мало М

Ќе не именува ли Германија како Републик Нордмазедониен, откако беше ставен потписот на преспанскиот договор, со што македонската влада ја преименува државата.

Извори на Алфа од Берлин велат дека по примерот на Северна Кореја и севернокорејци, но и според германските јазични правила земјата во иднина треба да биде именувана како Нордмазедониен (Nordmazedonien), слеано,  со  тоа што буквата М ќе биде на средина од кованицата и означена со мала буква.

Со оглед на тоа што основата на германскиот  јазик е слична со јазиците во голем брoј други земји членки на ЕУ покрај  Австрија , Швајцарија каде се говори германски јазик и во речиси сите скандинавски земји, се очекува  da биде прифатена ваква идеја.

Тоа значи дека овие  јазични правила, односно регионот од Исланд до Шведска и од Ирска до Австрија, ќе не нарекува Републик Нордмазедониен. Но и големата влијателност на Германија во големото европско семејство не ја исклучува ниту можноста и други  земји членки на Унијата да го следат ваквиот пример. 

Алфа побарала информации и испрати прашања и до Германската амбасада во Македонија во кои побаравме одговор какви се ставовите на Германија и како ќе не нарекува по договорот, но до емитување на вестите не добиле одговор. 

Откако беше ставен потписот во Нивици, премиерот порача дека преку писмо ќе побара од сите 190 членки на ОН кои не признале, но и оние кои не не признале по уставното име, да го прифатат новото име Република Северна Македонија.