За генсекот на СДСМ на Илинден нема Македонци и Македонија…

Генералниот секретар на СДСМ и министер за корупција и криминал Љупчо Николовски во својата честитка за Илинден не го користи зборот Македонија или Македонци.

За него само реалноста е македонска без да каже какви се државата и Републиката за кои зборува.

“Нека е честит и вековит 2 август – Денот на Републиката!

Живееме во држава втемелена на вредностите и идеите од Крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ – безвременските историски документи кои денес се наша македонска реалност”, пишува еден од најблиските соработници на Заев.

За да не го спомне е зборот Македонија Николовски дури не го споменува и името Северна Македонија на кое инсистира неговиот шеф во партијата и владата.