За „Гардијан“ веќе сме Северна Македонија!

Британскиот весник „Гардијан“ уште отсега пишува за Северна Македонија, и тоа во текст за најдобри 50 вина за претстојниот Божик, меѓу кои го наведува „Кратошија“ на македонската винарија „Тиквеш?!

„Кратошија“ е вброена во петте најдобри црвени вина со цена под 10 фунти и се претставува како од Република Северна Македонија, иако на самата етикета пишува „Република Македонија“.

Од друга страна, грчкото вино „Атма ксиномавро“ од винеријата „Тимиопулос“ е претставено како од „Македонија, Грција“, иако дистрибутерот го рекламира дека е од Северозападна Грција.