Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека и тој, како и граѓаните, е незадоволен од правниот систем, но рече дека за да имало побрза правда требало тој да се јавува и да нарачува пресуди, како што се правело претходно.

Нна маршот на СДСМ наречен „Чекориме за правда“ тој рече:

„Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди.

За тоа ли се боревме? Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа пресуди. Ние го ослободивме судството и да знаат тие судиите и обвинителите дека го ослободивме судството, ама будно го следиме“, кажа Заев, како што пренесе СакамДаКажам во обраќањето од бината поставена пред судовите, каде синоќа заврши „маршот за правда“ во организација на СДСМ.