За да го оправда Законот за јазици, Владата нè спореди со Кипар, Косово и Израел

Во обид да го оправда носењето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ) Владата во своето соопштение ја споредува со земји кои што најблаго кажано не се за споредба.

“Дека поголемите права за етничките заедници не ја за загрозуваат унитарноста на државите говорат и следните примери на унитарни држави кои имаат два или повеќе официјални јазици: Црна Гора (црногорски, српски, босански и албански), Малта (малтешки и англиски), Финска (фински и шведски, иако има 5% Швеѓани), Израел (хебрејски и арапски, нив ги има 20%), Косово (албански и српски), Белорусија (белоруски и руски), Кипар (грчки и турски), Ирска (ирски и англиски), Казахстан (казахтански и руски)”, пишува Владата во своето соопштение во кое вели дека Законот не предвидува албанскиот да стане службен јазик на цела територија на цела држава.

Се разбира Владата не открива дека арапскиот јазик над 1000 години бил официјален на териториите на кои е формирана државата Израел, дека Кипар е де факто поделена држава и дека Косово се уште не е призната држава од целиот свет.

Соопштението на Владата