Бројот на македонски граѓани што очекуваат дека Македонија никогаш нема да стане членка на Европската унија речиси е удвоен во последните четири години – во 2019 година така мислеле 22,7 проценти од анкетираните, а во 2023 година убедливото мнозинство од испитаниците или 42,1 отсто.
Ова го покажуваат податоците што ќе бидат објавени во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител утре, според кои „шампиони“ во неверување во македонската евроинтеграција се граѓаните од истокот на Македонија со 61,8 проценти.
Следуваат жителите на североистокот од државата со 56,8 проценти, па тие од југоистокот со 56,4 отсто, во вардарскиот дел и во Пелагонија такво мислење имаат 54,1 отсто од анкетираните, во Скопје 34,6 отсто, на југозападот од земјата 32,7 отсто, а најголеми оптимисти се жителите на Полог со 17,3 отсто „неверници“ во ЕУ-членството.