За бугарскиот премиер „Турски поток“ е пример за корупција

Бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата со американскиот претседател Џо Бајден, во Брисел разговарале и за проблемот на корупцијата.

„Корупцијата може да биде инструмент за влијанието на Путин на Балканот“.


„Како пример го наведов „Турски поток“, кој не чини сите милијарди. Затоа е важно Балканот сега да остане стабилен“, рече премиерот, цитиран од владината служба за информирање.

Премиерот како приоритет во работата на неговата Влада ја посочи изградбата на гасната врска Грција-Бугарија за диверзификација на изворите на гас.

„Преку овој проект ќе можеме да добиеме течен гас. Ова е приоритет за цела Европа“, рече Кирил Петков.