Во ситуација во која граѓаните и дипломатите се убедени дека корупцијата е рак – рана на институциите вклучително и во царината која ја води Стефан Богоев, директорот не мисли дека оваа појава е во првите два приоритети за македонската царина.

Потпретседателот на СДСМ на дури трето место по приоритети ја става битката против корупцијата која годишно јаде стотици милиони евра од граѓаните и институциите а општо познато е дека таа е особено застапена во царината на што укажуваат и коментарите на постот на Богоев.

,,Грант од 4,8 милиони долари од корејската Влада за хардвер и софтвер за систем за управување со ризици и податочен склад.

Очекуваме овој хардвер и софтвер да ни помогнат во клучните цели на Царинската управа.
Нашата цел е да собереме повеќе пари во Буџетот, да бидеме партнер на бизнис заедницата и третата цел е борба против организираниот криминал и корупцијата што повторно придонесува за повеќе приходи во Буџетот.
И тука компромис нема”, пишува Богоев кој на најшироката јавност и стана познат по заедничките фотографии со Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој сега е во затвор.

Видеото на Богоев на линкот

https://fb.watch/nRiSL8tTri/?mibextid=Nif5oz

Според коментарите на видеото малкумина веруваат во тоа што го говори Богоев