За Беса затворени вратите на Илинденска: Не учествувале на средбата – Заев со коалицијата

Вечерва Зоран Заев ги повика коалициските партнери на координација пред утрешното гласање за недоверба на владата. На средбата не присуствувале преставниците на Беса.

Но лидерот на ДПА Мендух Тачи во изјава за медиумите истакна дека на денешниот состанок присуствувале претставници од БЕСА, за што веднаш реагираа од партијата.

-Тачи нема сам партија, па останал да коментира. Не е точно дека имало претставник, велат од партијата БЕСА.