„Аналитичарката на граѓанското општество од Косово, Зана Авдиу, преку своја објава на Фејсбук реагираше во врска со фотографијата на фудбалерот на швајцарската репрезентација Гранит Џака, на која тој е снимен додека се ‘фаќаше’ за своето ‘меѓуножје’ во текот на натпреварот со Србија, кога избувнаа провокации меѓу српските фудбалери и Гранит Џака и неговиот сонародник Ѓердан Шаќири, вториот Албанец-фудбалер во швајцарската репрезентација. Зана Авдиу вели дека ‘постапката на Џака е срамна’ и оти е тоа ‘чин на еден уличар’. – објави ТВ 21.

„Чинот на Гранит Џака е за срам. Чин на еден уличар. Несреќата е што никој не остави без да ја сподели, да ја рашири таа фотографија. Значи, нула ниво во една држава од нашите.“ – напиша Зана Авдиу на фејсбук.“

Инаку, нејзината реакција наиде на огромен број негативни реакции кај Албанците, кои го означуваа Гранит Џака како „нивна национална гордост“, но имаше и неколку стотини позитивни лајкови како знак на согласување со реакцијата на оваа аналитичарка.